Свет
На покана на Бајден, Путин ќе учествува на климатскиот самит
20.04.2021 09:55
Путин ќе се обрати на видеоконференцијата на 22 април, соопшти Кремљ...

Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на климатскиот самит на покана на американскиот колега Џо Бајден.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека во рамките на настанот на 22 април, тој не планира да има билатерални средби со челникот на Белата куќа и или со претставниците од другите земји.
Минатиот месец Бајден покани 40 светски лидери на дводнениот виртуелен самит. Меѓу нив се и претседателите на Турција, Кина, Франција и германската канцеларка Меркел.
