Кожув - Куманово, вторпат за три дена со пренос на МРТ
По завчерашната убедлива победа во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув ќе имаат нова меѓусебна пресметка со екипата на Куманово. Двата тима кои се меѓу четирите најдобри во досегашната сезона, овојпат ќе имаат соочување во 18 коло од домашното првенство. Гевгеличани по 15 одиграни натпервари се на второто место со 13 победи и 2 пораза, со само бод зад лидерот Работнички, а Куманово е на четврти со 24 бода. Иако завчерашната победа во балканската конкуренција за Кожув немаше натпреварувачко значење, сепак тие ја прекинаа серијата од 9 порази и го одиграа најефикасниот натпревар сезонава.

По завчерашната убедлива победа во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув ќе имаат нова меѓусебна пресметка со екипата на Куманово. Двата тима кои се меѓу четирите најдобри во досегашната сезона, овојпат ќе имаат соочување во 18 коло од домашното првенство. Гевгеличани по 15 одиграни натпервари се на второто место со 13 победи и 2 пораза, со само бод зад лидерот Работнички, а Куманово е на четврти со 24 бода. Иако завчерашната победа во балканската конкуренција за Кожув немаше натпреварувачко значење, сепак тие ја прекинаа серијата од 9 порази и го одиграа најефикасниот натпревар сезонава. Првпат постигнаа троцифрен број поени, што е добар знак за новиот тренер Димитар Димитров во завршницата на домашниот шампионат, пред почетокот на Супер лигата. Кумановци по поразот останаа без тренерот Димитриевиќ, и според најавите денес на клупата се очекува Љубисав Луковиќ, кој и претходно го водеше составот на Куманово.
Дерби натпеварот Кожув – Куманово како увертира во 18 првенствено коло се игра во салата ’’26 април’’ во Гевгелија со почеток од 17.30 часот, со пренос на МРТ1.
Утре играат Лирија – Фени Индустри, во недела Струмица – Работнички, е во понеделник Карпош Соколи – Пелистер, како и младата селекција на Македонија против Пелистер, дуелот кој е вон конкуренција.
