КИНА
Џинпинг: Светот мора да избегне каква било Студена војна
20.04.2021 10:07
Индиректните критики кон САД се во период на влошени односи поради серија прашања...

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди – светот мора да избегне каква било нова Студена војна.
Во своето видеообраќање на економскиот форум на островото Хаинан, упати критики до земјите кои спроведувале унилатерализам и се обидувале да ги наметнат сопствените правила.
Индиректната критика кон САД доаѓа во период кога Пекинг и Вашингтон продолжуваат да спорат околу серија прашања, вклучувајќи ги и трговијата, човековите права и воената агенда на Кина надвор од своите граници.
