ЦДУ со поддршка за Лашет за канцелар
Неговиот ривал Маркус Зедер, лидерот на Христијанско-социјалната унија доби поддршка од 22, 5% од членовите на ова тело. Кандидатурата на Лашет мора да биде потврдена и од овој блок.

Со 77,5 % гласа „за“, претседателството на германската владејачка Христијанско-демократската унија (ЦДУ) повторно ја поддржа кандидатурата на својот претседател Армин Лашет за канцелар на парламентарните избори во септември.
Неговиот ривал Маркус Зедер, лидерот на Христијанско-социјалната унија доби поддршка од 22, 5% од членовите на ова тело. Кандидатурата на Лашет мора да биде потврдена и од овој блок.
Тој изјави дека изборите се важен сигнал во процесот на конечна селекција на кандидатот за канцелар на Унијата и можен наследник на канцеларката Ангела Меркел, која се повлекува од политиката по завршувањето на сегашниот мандат.
ЦСУ ја претставува демохристијанската опција во Баварија, а ЦДУ во другите 15 германски покраини.
