Ресен добива модуларна ковид амбуланта
Објектот е во склоп на Здравствениот дом, а во него ќе има лабараторија, рентген дјагностика, простории за терапија и пункт за тестирање на ковид суспектни...

Ресен добива модуларна ковид амбуланта. Објектот е во склоп на Здравствениот дом, а во него ќе има лабараторија, рентген дјагностика, простории за терапија и пункт за тестирање на ковид суспектни.
Во здравствениот дом во Ресен од вториот бран на пандемијата има засебна дневна болница за лекување на пациенти од ковид со полесна клиничка слика, само потешките случаи се испраќаат во Битола.
„Станува збор за инфузиона терапија, за поддршка на кислород набавивме и боци за кислород. Дури и пациенти кои беа неподвижни, потешки преку патронажна служба, комлетно опремена примаа терапија и во домашни услови“, вели Сања Андоновска директор на Здравствен дом Ресен.
Интересот за вакцинација во Ресен е голем, првата доза вакцини се потроши, деновиве се очекува нова пратка.
„Интересот е на високо ниво и сега очекуваме да продолжиме понатаму. Вакциналниот пункт е одвоен од редовниот вакцинален пункт. Вакцинираме и во домашни услови бидејки се работи за стари и неподвижни пациенти“, вели Андоновска.
Дневно во ковид одделот во Ресен се прават од 30 до 70 прегледи на пациенти со симпптоми.
Во Ресен во мометов има околу 200 активни случаи со корона вирусот. За десеттина денови ќе биде отворена и модуларната болница во склоп на Здравствениот дом.
Соња Рилковска
