Репортери без граници

Културата на неказнивост продолжува во Македонија, се вели во извештајот за слобода на медиумите

20.04.2021 11:28

Земјава бележи подобрување од две места во глобалниот индекс за слобода на медиумите, според последниот извештај објавен од Репортери без граници, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите...

Земјава бележи подобрување од две места во глобалниот индекс за слобода на медиумите, според последниот извештај објавен од Репортери без граници, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, пишува во извештајот на Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во Северна Македонија во 2020.

Земјава од 92-ро се искачи на 90-то место на глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија.

Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина.