Хил: Македонија се однесува како НАТО земја и така треба да биде прифатена
Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на Алијансата, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот, посочува поранешниот амбасадор Кристофер Хил...

Mакедонија се однесува како НАТО земја, и така треба да биде прифатена, оценува поранешниот амбасадор Кристофер Хил, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.
Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на Алијансата, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот, посочува Хил.
„Бездруго, ситуцијата на Крим ја зголеми напнатоста Исток-Запад. Тешко е да се каже дали ова е повторно создавање на Студената војна, но посекако мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот. Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО-земја, треба и да биде прифатена како таква. Искрено, би пошол и поддалеку. Не се работи само за НАТО. Се работи за поширокиот однос што го имаме со овие земји“, вели Хил запрашан дали кризата со Крим ќе влијае на НАТО да забрза со процесот на проширување.
Според него, очигедно, Русите ќе го прават истото во овие земји што се уште не се примени во НАТО и го подвлече значењето на медиумите како Гласот на Америка за презентирање на ставовите на САД и ЕУ во врска со Русија до тие земји.
