Царовска: Дигитализацијата е нужно потребна
Дигитализацијата не е нешто погрешно, дигитализацијата е нужно потребна за да нашата држава и нашите деца фатат чекор со себе, вели министерката за образование Царовска. Спорд неа, секоја промена е значајно да се води низ дебата и тоа се прави во моментов...

Дигитализацијата не е нешто погрешно, дигитализацијата е нужно потребна за да нашата држава и нашите деца фатат чекор со себе, вели министерката за образование Царовска. Спорд неа, секоја промена е значајно да се води низ дебата и тоа се прави во моментов. Вели дека сечиј коментар е добредојден и значајно е да сме конзистентни во политиките кои ги носиме и притоа во континуитет да се обезбедува можност за подобрување на образовниот систем.
Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, изјави денеска министерката Царовска.
Според неа, вниманието на децата ќе се насочи дека дигиталните уреди може да се користат за продуктивни работи. Царовска додава дека ова е промена кон квалитетно образование.
