Од денеска аплицирање за финансиска поддршка за плати од Петтиот пакет мерки
Компаниите ќе може да поднесат барање и за „Ковид 4“ бескаматната линија вредна 10 милиони евра преку Развојната банка. На оние што ќе го зголемат бројот на вработени или прометот, дел од кредитот ќе им биде трансформиран во форма на грант, најави Владата.

Од денеска до 30-ти април фирмите може да аплицираат за субвенции за плати за февруари и март. Компаниите ќе може да поднесат барање и за „Ковид 4“ бескаматната линија вредна 10 милиони евра преку Развојната банка. На оние што ќе го зголемат бројот на вработени или прометот, дел од кредитот ќе им биде трансформиран во форма на грант, најави Владата.
„Како целиот свет, така и ние, на 2021 година гледаме како на година на ревитализација. Зазадрвувањето е потребно да се стимулира преку мерки насочени кон поттикнување на нови инвестиции и развој на фирмите“, изјави на прес- конференција министерот за финансии Бесими.
Министерот Бесими оцени дека бројките се потврда дека мерките досега дадоа резултати. Тие, потенцира, ги зачуваа работните места, го амортизираа падот на економската активност, а со тоа и падот на економијата за 4,2 процентни поени. Со тоа, последиците од пандемијата се значително ублажени, а ние имаме повисока основа врз која ќе работиме на заздравувањето годинава.
