Ковид- криза

Туристичко- угостителскиот сектор на протест пред Министерството за финансии

20.04.2021 13:06

Угостителите и туристичките работници на протест пред Министерството за финансии. Бараат еднократна финансиска поддршка за спас на бизнисот и на работните места. Велат дека се во исклучително тешка состојба и со месеци немаат помош.

Туристичко-угостителскиот сектор бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти, еднократна финансиска помош за угостителските објекти на кои веќе една година им е забранета нивната примарна дејност и мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

Барањата на туристичките агенции се еднократна неповратна финансиска помош, продолжување на рокот за важење на нереализираните ваучери за патување до декември 2022 година и ваучерите од проектот „Дома си е дома“ да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции.

Од секторот велат дека овие мерки ќе им помогнат да опстанат. На првиот ден од протестот пред Министерството за финансии ќе останат до самиот старт на полицискиот час.