Кривични пријави против Џафери и двајца пратеници

20.04.2021 13:19

Од ВМРО- ДПМНЕ и Левица велат дека биле прекршени здравствените протоколи во време на пандемија.

Опозицијата поднесе кривични пријави до Основното јавно обвиниетлство против собранискиот спикер Џафери и пратениците кои во скафандери дојдоа во законодавниот дом. Од ВМРО- ДПМНЕ и Левица велат дека биле прекршени здравствените протоколи во време на пандемија.

„Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава. Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно“, изјави пратеничката Ели Панова.