Предупредувачки протест на пелагониските сточари
Пелагониските сточари на предупредувачки пртотест- доколку до Велигден не им бидат исплатени барем дел од субвенциите за целата ланска година, доаѓаат на протест пред Владата...

Нов предупредувачки протест со веќе позната содржина на пелагониските сточари. Овојпат револтирани се што досега не зеле ниту банка субвенции за целата ланска година.
Велат, сѐ додека ги бараме заслужените пари со сила нема радост во земјоделието, а посебно во сточарската гранка. Причина за незадоволството е и неисполнетото ветување на министерот на една од последните средби посветени на овој проблем.
Она што го произведуваме секојдневно по маркетите се продава, данок плаќаме, а ништо не добиваме. Симболичните субвенции добиени за житните култури се премалку во пресрет на пролетната сеидба и напорите да се сочува и оној мал преостанат сточен фонд, велат од здружението „Пелагониско поле“.
Од педупредувачкиот протест до ресорното министерство упатија апел- до Велигден да бидат исплатени барем дел од субвенциите во спротивно по празникот, со останатите здруженија од земјава дооѓаат на помасовен протест пред Владата.
Стевче Митревски
