Турција го забрани пристапот до Твитер

21.03.2014 10:22

Турција го ограничи пристапот до Твитер само неколку часа откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ја „искорени“ социјалната мрежа.
 
Многу корисници кои денеска се обиделе да влезат во Твитер се соочиле со соопштението на телекомуникациските власти во кое се наведува дека сајтот е блокиран по судска наредба.
 
Ердоган вчера на предизборниот митинг во Бурса, десет дена пред локалните избори на 30 март, вети дека ќе го затвори Твитер. Неговата закана уследи само две недели откако најави дека ќе ги забрани Фејсбук и ЈуТјуб, „ако е неопходно“. 
 
- Ќе го искорениме Твитер. Не ме интересира што вели меѓународната заедница. Секој ќе ја види моќта на Турската Република, изјави Ердоган.  
 
Во послендите неколку недели на интернет се објавени снимки на телефонски разговори, вклучително и таа на која премиерот на својот син му кажува како од домот да изнесе поголема сума пари на денот на полициската операција на 17 декември, со која во земјата почна голема истрага за корпуција.
 
Ердоган изјави дека снимката е фалсификувана. Тој тврди дека „исфабрикуваните“ снимки закачени на интернет, се дело на следбениците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во прогонство во САД, и дека имаат за цел дискредитација на Владата.