Имунизација

Куманово: Вакциниран наставно- воспитниот кадар од градинките

20.04.2021 13:54

Вработени од градинка „Ангел Шајче“ од Куманово се вакцинирани против Ковид 19. Интерес за имунизација пројавиле над 80 проценти од наставно-воспитниот кадар. Состојбата со ковид 19 во третиот бран во кумановската градинка е нешто полесна. Од отворањето на установата, позитивно беше само еден дете...

Воспитниот кадар од детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово е вакциниран против Ковид 19.  Имунизирани се воспитувачки, негователки, педагози, психолози, кои и во време на пандемија придонесуваат да нема застој во предучилишното образование на најмалите.  Од кумановската градинката информираат дека над 80 проценти од кадарот, изразил желба за вакцинација.

„Административниот и помошно-техничкиот персонал дополнително се надеваме ни рекоа дека во најкраток можен рок и тие ќе бидат вакцинирани. Се беше во ред на 10-ти април, се надеваме и на 5-ти мај кога ќе биде нивната ревакцинација, се надеваме дека и тогаш ќе поминат добро“, вели Марина Алексовска, директорка на градинка „Ангел Шајче“ Куманово.

Состојбата со ковид 19 во кумановската градинка е нешто полесна. Од отворањето на установата од 9-ти септември, позитивно беше само еден дете, кое вирусот најверојатно го добило од своите родители.

„Добро е се работи согласно протоколите се почитуваат 100 проценти редовно се дезинфицираат сите протостири, децата каде што претстојуваат си има посебно негователки кои се на прием, во самата група, нема мешање ниту во дворот, тие се во своја група, дури се играат со свои играчки“, дополнува Алексовска.

По завршување на наставата во објектите, велат надлежните се врши целосна дезинфекција.

Во осумте објекти на градинката како и во двата центри за ран детски развој, пред пандемијата присуствуваа околу 1.500 дечиња, сега согласно дозволите тоа може да го сторат приближно 800. Меѓутоа надлежните од градинката „Ангел Шајче“ информираат дека бројката секојдневно варира, но најчесто присуствуваат околу 500 дечиња.

Елена Георгиевска