Туристичко угостителскиот сектор бара спас на бизнисот и работните места
Туристичко угостителскиот сектор на протест. Ги повика институциите да обезбедат финансиска поддршка за спас на бизнисот и на работните места по бројните рестриктивни мерки и по прекинот на работата. Од Владата велат дека веќе има решение за помош на овој сектор...

Незадоволни од досегашната финансиска поддршка, туристичко-угостителскиот сектор на протест пред Министерството за финансии. Учесниците побараа неповратна помош во вид на грантови кои би се движеле од 5.000 до 15 илјади евра, а за објектите за свадби кои не работат повеќе од една година грантови од 50 илјади евра.
Туристичките работници сметаат дека рокот на ваучерите, кои не се искористија лани треба да биде продолжен до крајот на 2022 година и да се реализираат исклучиво преку агенциите. На протестите се приклучија и сопствениците на игротеките.
Тие потенцираат дека помошта од државата е неопходно да биде континуирана, бидејќи состојбата со пандемијата сѐ уште е неизвесна. Барањата на угостителското туристичката комора веќе се доставени до надлежните институции.
Околу 6.000 правни субјекти учествуваат во организација на протестите. Најавуваат дека ќе продолжат со протестите сѐ до исполнување на нивните барања.
Со шесттиот пакет мерки што го претстави Владата, за овие категории бизниси кои поради пандемијата беа најпогодени, е предвидена финансиска поддршка.
Марина Стојанова Тонева
