Сончев камен-кристал на оптимизмот и изобилството
Сончевиот камен е посебно ценет за здрав дух и здраво тело, затоа што има широк спектар на дејство против разни тегоби. Исклучително е корисен за сите ментални и физички функции. Привлекува избилство и успех во работата, затоа е познат како камен на изобилството. Привлекува слава, просперитет и богатство.

Неговите моќи се одамна препознати и ценети. На старите Викинзи им служел како компас за навигација во текот на пловидбата. Во Индија служел како помош за ослободување од негативни сили. Старите Грци верувале дека го обновува духот и телото и редовно го користеле да се окрепнат, да си зголемат снагата и виталноста. Го сметале за моќен заштитник, а бил познат и како камен кој носи просперитет и изобилство на сите животни подрачја. И денес сончевиот камен е актуелен и ценет поради позитивното дејство. за што има многу позитивни сведоштва.
Наоѓалишта има ширум цел свет. Се појавува во жолта, портокалова, црвена и кафеава боја.
Ја јакне позитивната енергија затоа што изобилува со позитивни вибрации.
Најголем акцент се става на неговата моќ да ги ублажи стресот, тегобите, немирите, тагата, како и сите видови фобии. Помага да се надмине депресијата и лошото расположение и поттикнува на ведрина.
Овој кристал ја подобрува личната сила и енергија на сите животни полиња. Поттикнува разрешување на проблемите и истрајност во тоа. Го опушта човекот и придонесува за општо задоволство, со што се подига квалитетот на животот. Ја поттикнува и блискоста меѓу партнерите, но и семејната хармонија.
Посветлите примероци ја подобруваат физичката љубов, а потемните ја продлабочуваат приврзаноста и чувството на припадност. Придонесува за пријателството и меѓусебното разбирање. Помага за сексуалната дисфункција и ја зголемува сексуалната енергија. Комбинацијата на месечевиот и сончевиот камен посебно делува на зголемување на привлечноста и сексуалната ускладеност меѓу партнерите.
Привлекува избилство и успех во работата, затоа е познат како камен на изобилството. Привлекува слава, просперитет и богатство. Многумина го носат кога се натпреваруват во нешто, полагаат испити или спроведуваат важни проекти. Се смета и дека ја зголемува креативноста и оригиналноста, го јакне чувството за одговорност и ги подобрува организациските способности. Тие што го носат или го чуваат во работниот простор, имаат успех во работата, како и среќа, профит и моќ, ја елиминираат нетрпеливоста, соперништвото и себичноста во работното опкружување.
Сончевиот камен е посебно ценет за здрав дух и тело, затоа што има широк спектар на дејство против разни тегоби. Исклучително е корисен за сите ментални и физички функции. Ублажува исцрпеност, депресија, нервоза, напнатост и други психички тегоби. Посебно се применува за сезонските депресии. Се користи и за разбивање на стравите и немирот кај децата. Го подобрува метаболизмот, благотворен е кај разни инфекции, чир на желудник, грчеви, грозници, болки во грлото, болки во кичмата, ревматизам, остеоартритис, Ја подбрува самодовербата, дисциплината, стабилноста. Ја поттикнува независноста и чувството за слобода, ја надвладува болката, ја подобрува одлучноста.
Овој кристал е непресушен извор на сила во борбата против емоционалните зависност од други,
Сончевиот камен мора и соодветно да се чисти, односно полни и празни. Се празни под силен млаз вода околу 5 минути. Може и да се остави во сад со вода преку ноќ. Се полни најмалку 2 часа на сонце.
Познавачите на кристалите и нивното влијание врз човекот советуваат и за каква потреба како да се користи, дали како украс или накит и на кои делови од телото. Најчесто се носи како приврзок, прстен, брош или едноставно како камен во џебот.
Соња Стојановска