Шестиот пакет мерки е вреден 17,8 милиони евра
Главен таргет и на шестиот пакет мерки се угостителството и туризмот. Во пресрет на туристичката сезона, ќе се овозможат и бесплатни 50.000 ПСР тестови за туристите кои престојувале во Македонија...

Со 17,8 милиони евра ќе се врши таргетираната финансиска поддршка за 12 категории на дејности. Со овој шести пакет антикризни мерки помош ќе добијат близу 10.000 компании и 60.000 вработени.
Главен таргет и на шестиот пакет мерки се угостителството и туризмот. Во пресрет на туристичката сезона, ќе се овозможат и бесплатни 50.000 ПСР тестови за туристите кои престојувале во Македонија.
Две од мерките од шестиот пакет кои се однесуваат на компаниите и медиумите, ќе се реализираат преку развојната банка.
Од Владата велат дека конзистентно и посветено креираат мерки и решенија за поддршка на економијата.
Марија Котовска
