Евроинтеграции

Димитров во посета на балтичките земји Латвија и Литванија

21.04.2021 09:57

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на 22 и 23 април ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус...

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на 22 и 23 април ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус.

Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е да оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.

Во Литванија пак во петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот парламент.

Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај.