Политика

Собранието треба да ја одржи 39-та седница

21.04.2021 10:00

Пред пратениците, како последна точка, е и Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски...

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 39-та седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на КОВИД и спречување на негово ширење.

Пред пратениците, како последна точка, е и Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од Зиадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими и Хусни Исмаили.

На седницата се и повеќе предлог-одлуки, како и предлог-закони за измени или дополнувања на постојни законски решенија.