Дерек Шовин прогласен за виновен за смртта на Џорџ Флојд
Одлуката на поротниците, донесена синоќа, е дека Шовин е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност.

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Џорџ Флојд. Одлуката на поротниците, донесена синоќа, е дека Шовин е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност.
Откако во понеделникот беа дадени завршните зборови, поротата составена од 12 членови, пред да ја донесе конечната одлука, вчера се консултираше четири часа, кога се разгледуваа исказите на 45-те сведоци, влучувајќи ги и случајните минувачи, полицајци, експерти. За пресудата да биде валидна, требаше едногласна потврда од сите членови.
Шовин, кој се бранеше од слобода, по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше одведен во затвор. Тој се соочува со 12 и пол години затвор, затоа што претходно не е осудуван. Меѓутоа, обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку окружниот судија Питер Кејхил утврди дека имало „отежнувачки околности“
Со обелоденувањето на висината на затворската казна, властите стравуваат од растечка напнатост во повеќе метрополи, каде има зголемени полициски мерки.
