Земјотрес
Земјотрес во Хрватска, Словенија и БиХ
21.04.2021 10:26
Првиот земјотрес е забележан кај Загреб околу 23 часот и бил со јачина од три степени според Рихтер...

Вчера вечер неколку земјотреси ја погодија Хрватска, а еден од нив бил со епицентар во Босна и Херцеговина.
Според податоците од Европската Медитеранска сеизмичка станица, ЕМСЦ, земјотрес имало во делови од Славонија, Заграб и Далмација.
Првиот земјотрес е забележан кај Загреб околу 23 часот и бил со јачина од три степени според Рихтер.
Како што соопшти Сеизмолошката служба на Хрвтаска, земјотресот бил кај Маркушевац, а засега не се пријавени материјални штети.
