10.000 компании ќе добијат помош од шестиот пакет мерки
Владата вчера го презентираше шестиот пакет антикризни мерки, проектиран на 17,8 милиони евра. Станува збор за таргетирана финансиска помош што ќе ја добијат околу 10.000 компании и 60.000 вработени.

Владата вчера го презентираше шестиот пакет антикризни мерки, проектиран на 17,8 милиони евра. Станува збор за таргетирана финансиска помош што ќе ја добијат околу 10.000 компании и 60.000 вработени.
Со шестиот пакет се опфатени 12 категории дејности меѓу кои: угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки, ноќните клубови, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции, како и за медиумите, а планирани се и бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои ќе престојуваат во земјава.
Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности, 17,8 милиони евра со кои ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени, наши сограѓани. Од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Пари во државниот буџетот за исплата на овие средства има. Но, состојбата и натаму будно се следи, се анализираат екномските параметри. Ако се оцени дека е потребно, како што велат надлежните, ќе се интервенира повторно.
