Вакцинација
Израел во следните шест месеци започнува нова вакцинација против Ковид-19
21.04.2021 10:32
Израелските медиуми јавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози вакцини, со можност за набавка на дополнителни вакцини...

Во следните шест месеци Израл планира да почне нова рунда вакцинации против коронавирус, во која овој пат ќе бидат вклучени и децата, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
На вчерашната на прес-конференција премиерот им соопшти да се подготват за нов круг вакцинација.
Израелските медиуми јавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози вакцини, со можност за набавка на дополнителни вакцини.
Пред два дена Израел склучи нови договори за набавка на вакцини со компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.
