Наскоро струја од ветерници во Македонија

21.03.2014 10:42

На терен кај Богданци веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во моментов течат активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО...

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во моментов течат активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО.
 
Поради приклучување на паркот на ветерни електрани „Богданци“ во дистрибутивната мрежа утрово од 5 до 7 часот без електрична енергија беа населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци. Работата е веќе завршена и во четирите општини има нормално снабдување со електрична енергија.
 
Следува период за тестирање на перформансите на комплетната техничка опрема по што капацитетот ќе влезе во редовно производство.
 
Паркот на ветерни електрани „Богданци“ содржи 16 ветерни електрани распространети на 29 хектари. Се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани. 
 
Истовремено тие ќе ја зголемат инстралирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 мегавати, како и учеството на обновливите извори во нејзиното производството.
Реализицијата на овој проект чини 55,5 милиони евра, од кои 47,9 милиони евра се заем од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката, додека 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.