Полицијата во Колумбус уби 16-годишна Афроамериканка
Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќата каде се случи инцидентот...
Полицијата во Колумбус, уби 16-годишна Афроамериканка по интервенцијата дека со нож нападнала две девојки.
Убиената девојка е идентификувана како Маки Брајант.
На полициската снимка се гледа како Брајант замавнува со нож кон една од девојките, која паѓа, а потоа ја напаѓа другата девојка, при што полицаецот отворил оган.
Нејзината тетка Хејзел Брајант изјави дека тинејџерката живеела во згрижувачко семејство, а на инцидентот претходела расправија со други две девојки. Исто така вели дека нејзината внука го фрлила ножот пред да биде застрелана.
Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќата каде се случи инцидентот.
Градоначалникот на Колумбус, Ендрју Гинтер го потврди инцидентот, истакнувајќи дека полицајците ја снимале интервенцијата и оти Бирото за криминалистичка истрага од Охајо (БЦИ) отвори истрага.
