Глејзер размислуваат за продажба на Манчестер Јунајтед
Според „Дејли Мејл“ сопствениците на англискиот гигант, семејството Глејзер се многу незадоволни од пропаѓањето на Суперлигата и размислуваат да го продадат клубот...
После силниот пристисок од УЕФА, фановите и целата фудбалска јавност англиските клубови спремија документи за повлекување од Суперлигата.
После таа одлука се случи силен потрес во Манчестер Јунајтед, каде генералниот директор Ед Вудворд си поднесе оставка. Подоцна од клубот појаснија дека Вудворд ќе остане на директорската функција до крајот на сезоната.
Според „Дејли Мејл“ сопствениците на англискиот гигант, семејството Глејзер се многу незадоволни од пропаѓањето на Суперлигата и размислуваат да го продадат клубот.
Глејзер го купи Манчестер Јунјатед во 2005 година за 800 милиони фунти, но сега акциите на клубот драстично паднаа после излегувањето од Суперлигата.
