ОЈО
Белгиска државјанка обвинета за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест
21.04.2021 11:13
На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против една државјанка на Белгија за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.
На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.
