Кумановско семејство без вода во 21-ви век
21.03.2014 10:42
Со сите платени комуналии и два пати платен приклучок за вода, Милица и Богољуб од Куманово 35 години живеат без вода во својот дом. Сите досегашни обиди да ја истераат правдата, останале безуспешни...

Со кофи и шишиња во раце секое утро Милица Давитковска полни вода кај соседите да има да направи ручек и измие садовови. Првенствено без вода, а нема ни канализација ни приод до куќата ова 4 члено семејство од Куманово веќе 3 децении е заробено без основните услови за живот.Во 21 век перам во корито и се бањеме со лончиња низ солзи раскажува Милица.
„Ќе наполниме буриња за еден месец однапред за да имаме за основните потреби. Ако сакаме тазе вода за пиење сопругот со колица оди до минералната вода во Проевце и ќе донесе. Ако има ќе пиеме, ако не тоа ни е“, додава Милица Давитоковска од Куманово.
Кога почнале да ја градат куќата пред 35 години, Општината им одзела еден дел од плацот ветувајќи им дека од другата страна ќе се просече улица и ќе добијат комуналии. Давитковски ги имаат платено сите давачки , а за приклучок за вода дури и 2 пати уплаќале.За своите права се обраќале од врата на врата,за што сведочат куп документи ,но денешен не им се остварени.
„Веќе 30 години одам ги барам, сите општински канцеларии ги научив. Нема каде не сум се обратил и пак ништо. Ме ставија во ќорсокак без никаков излез“, вели кумановецот Богољуб Давитковски.
Жителите од улицата Боро Чушкар велат дека улицата треба да се исцрта и асфалтира, така ќе се реши проблемот на нивниот сосед, а со тоа нема повеќе да газат кал.
„Секои избори доаѓаат и ветуваат. Еве сега пак ќе дојдат ќе ни кажат стрпете се, ќе се реши, но знам дека ништо нема да направат. Мојот дедо, татко и јас се уште се давиме во кал“, вели Синиша Алекосовски, жител на Боро Чушкар.
За да се реши случајот треба да се изврши експропријација на земјиште од две лица , а потоа да се направи проект за улицата.Од Општината велат дека улицата е во програмата и е приротетна за изградба.
Но, доколку не се реши проблемот, жителите од Боро Чушкар најавија граѓанска непослушност.
Габриела Димковиќ
