Високи цени на јагнешко месо во пресрет на Велигден
Во пресрет на Велигден, тешко се наоѓа јагнето кое веќе се извезе на европскиот пазар. Останува традицијата на Велигденски цени на пазарот, а предвидувањата се дека такви ќе бидат и по празниците. Виновни - високите цени на репроматеријалите...

И јагнешкото и трпезата за Велигден ќе ни бидат солени. Под услов, совреме да се обезбеди јагнето, оти тешко се наоѓа. Македонското јагне си го најде патот на европскиот пазар за католички Велигден. За дома останаа растечките цени.
Преку 42 насто од платата е за храна и пијалаци. Зелениот пазар ги држи цените цело време. Особено на доматите и пиперките. За препродавачите уште во старт набавната цена е поголема, а за градинарите - виновни се високите цени на репроматеријалите. Тоа го велат и за другите прехранбени артикли, особено маслото за јадење.
Граѓаните помирени дека така е за Велигден. Овојпат и по празниците ќе биде исто. И во услови на пандемија некои традиции не се менуваат.
Елизабета Митреска
