Намалениот број новозаразени го намали бројот на интервенции на Итната помош
Опаѓањето на бројот на новозаразени во велешко, а во понеделникот немаше регистрирано ниту еден, што со месеци не се случило, влијаеше на работата на здравствените работници од Брзата помош. Тековно болните и натаму ја бараат потребната здравствена помош.

Екипите на велешката Итна медицинска помош, кои се на првата линија во борбата со ковид- заразата, деновиве можат малку да здивнат. Имаат помал број на интервенции во случаите со корона вирусот. Опаѓањето на бројот на новозаразени во велешко, а во понеделникот немаше регистрирано ниту еден, што со месеци не се случило, влијаеше на работата на здравствените работници од Брзата помош. Тековно болните и натаму ја бараат потребната здравствена помош.
Територија која ја покрива Итната медицинска помош од Велес е голема, по потреба мораат да помагаат и во оддалечените села Ореше, Општина Чашка или во село Подлес во Општина Градско. Поради тоа, работат со зголемен број на екипи. Оваа служба има обврска да ги транспортира и лицата позитивни на Ковид-19, доколку имаат потреба и до Инфективното одделение од велешка болница.
Од денес и во Здравствен дом Велес, пациентите позитивни на Ковид-19 можат да го проверат присуството на Д-демерите и ЦРП во крвта.
Петар Печков
