Македонија

Ја убил сопругата на гости кај пријатели во Струга и се обидел да се самоубие

21.04.2021 14:41

Настанот се случи синоќа, во стан на улицата „Ристо Крле“ во Струга, додека сопружници од Битола, со привмренено живеалиште во Струга биле на гости кај пријатели. Семејните несогласувања, кулминирале со жестока расправија, која заврши фатално за младата жена на возраст од 34 години, мајка на две малолетни деца...

Со неколку убоди од нож ја усмрти сопругата, а потоа се обиде да се самоубие. Настанот се случи синоќа, во стан на улицата „Ристо Крле“ во Струга, додека сопружници од Битола, со привмренено живеалиште во Струга биле на гости кај пријатели. Семејните несогласувања, кулминирале со жестока расправија, која заврши фатално за младата жена на возраст од 34 години, мајка на две малолетни деца.

По убиството 39-годишниот сопруг се обидел да побегне го спречиле пријателите по што се обидел да се самоубие, нанесувајќи си убодни рани во стомакот. Тој е хоспитализиран и опериран во струшката болница.

„Од страна на анестезиологот извршена е реанимација и во најбрз временски рок извршен е и хируршки зафат. Санирани се повредите. Наидено е на повреда и на црниот дроб. Ппациентот е стабилен и контактибилен, свесен и ориентиран“, вели д-р Арменд Арслани, директор на струшката болница.

Пријателите кои биле сведоци на убиството, што се случило во нивниот дом се во шок, тие го пријавиле настанот.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи. Подигнати се траги и предмети кои што ќе бидат валидни и важни во текот на натамошната постапка, се до поднесување на кривичната пријава“, информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По наредба на Јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата.

 

Соња Рилковска