Турција донираше 7.400 комплети Гортекс-униформи за припадниците на Армијата
Турција донираше 7.400 комплети Гортекс-униформи за припадниците на Армијата. Двете земји како сојузници во Алијансата ја зголемија соработката. Според министерката Шеќеринска со оваа донација, се обезбедува целосна опременост на Македонската армија...

По точно една година од членството во НАТО, се засилува стратешкото партнерство со Турција. Двете земји како сојузници во Алијансата ја зголемија соработката. Покрај долгодишното заедничко учество во мисијата во Авганистан, Турција е еден од најголемите поддржувачи на земјава на политички и воен план. Македонската армија доби нова донација од 7.400 комплети Гортекс униформи од Турција.
Продолжува континуираното вложување во капацитетите, опремата и модернизацијата на Армијата. Војниците веќе добија опрема од Министерството за одбрана за подобрување на стандардите за работа.
Турција и САД се најголеми донатори на воена опрема за Македонската армија пред и по членството во НАТО.
Ирина Гелевска
