Политика

Џафери не прифати да се разгледуваат интерпелациите за Николовски и Маричиќ

21.04.2021 16:27

На дневен ред на 39-тата седница се повеќе предлог-одлуки, како и предлог-закони за измени или дополнувања на постојни законски решенија. Пред пратениците, како последна точка, е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. ВМРО-ДПМНЕ побара на денешната седница да се стават на дневен ред и интерпелациите за Николовски и Маричиќ. Од СДСМ велат дека се знае како се постапува со деловникот по поднесена интерпелација...

Опозицијата побара, собранискиот спикер не прифати на 39-тата седница да се разгледуваат интерпелациите за вицепремеирот Љупчо Николоски и министерот Бојан Маричиќ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Собранието и граѓаните се заложници на Зоран Заев и Талат Џафери и нивната свесна неспособност да менаџираат со институциите во екот на најголемата глобална здравствена и економска криза.

Собранискиот спикер Талат Џафери, вели дека тој работи во согласност со уставот, законите и деловникот. Смета дека не може тој да се прилагодува спрема потребите на опозицијата и не прифаќа ултиматуми за тоа како да ја раковоиди институцијата.

Во СДСМ велат дека продолжуват игрите без граници во режија на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека без причини се напаѓа парламентарното мнозинство и собранискиот спикер, иако тие самоволно ги повлекоа точките за интерпелациите за министрите за правда и за антокорупција, Маричиќ и Николовски.

На 39-тата седница, точка на дневен ред, интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Игор Панов