Екологија

Зеленото сценарио- одговор на климатските промени

21.04.2021 16:36

Намалувањето на емисијата на стакленички гасови клучно за одржлив развој, вели министерот за економија Бектеши. Гасификацијата во наредниот период приоритет во обезбедување со природен гас...

Зеленото сценарио е одговор во борбата со климатските промени. Владите бизинисите, општеството треба да работат на подобра иднина. Намалувањето на емисијата на стакленички гасови клучно за одржлив развој, вели министерот за економија Бектеши. Гасификацијата во наредниот период приоритет во обезбедување со природен гас.

Новата национална стратегија за енергетика 2021-2041 треба да ги инкорпорира глобалните цели за одржлив развој.

Според амбасадорката на САД, Брнз, намалувањето на арктичкиот мраз, бурите и зголемените катастрофи во последните години само покажуваат колку е важна борбата со климатските промени.

Со планот се предвидува во ЕУ намалување на емисијата на стакленички гасови до 2035 година, до 70 проценти.

Дијана Ценевска