Аква парк како туристичка атракција во Прилеп

21.03.2014 11:00

Со првиот Аква парк, Прилеп летово ќе ја проширува туристичката понуда. Новата водена атракција е приватна инвестиција на прилепските хотелиери, а го надопонува големиот рекреативрен комплекс, Паркот на револуцијата...

Прилеп ќе добие аква парк. Водената атракција ќе се простира на  близу 5.000 метри квадратни кај Паркот на револуцијата. За приватните хотелиери овој проект безрезервно ќе ги привлекува посетителите .

„Ќе се состои од 5000 квадрати површина. Таков забавен центар во Прилеп моментално нема. Ќе има повеќе содржини-тобогани, водопади“, вели Ице Георгиески, хотелиер и инвеститор.

Аква паркот е дел од приватната инвестиција од преку 100 000 евра во рамките на комплексот Салида на излезот од Прилеп за Битола за да ја прошири туристичката понуда во градот, а сместувачките капацитети двојно да се зголемат.

„Очекуваме гости од другите градови, пошироко и од странство. Ќе биде добар Аква паркот, онака како што го замислуваме. Планираме да се зголеми хотелиерството уште со нов ресторан и очекуваме од 20.000 до 30.000 посетители“, вели Георгиески.     

Последните три години Паркот на револуцијата е своевидна прилепска атракција.

Прилеп ја зголемува туристичката понуда кај Паркот на револуцијата. Со досегашните спортски терени, трим патеките, Рајската градина со украсни птици, ќе добие и аква парк.

Според инвесторот, привот Аква парк во Прилеп ќе биде отворен летово.

 

Елизабета Митреска