Здравство

Филипче: Со кинеските вакцини ќе се забрза динамиката на имунизација на населението

22.04.2021 09:42

Кинеската вакцини која според најавите очекуваме да стигне на 28 април, тоа се 200.000 дози и тоа е нешто што точно знаеме како ќе се подели, како ќе се дистрибуира и кој ќе биде начинот на регрутирање на граѓаните кои ќе се вакцинираат и како ќе се спроведува процесот на имунизација, вели министерот Филипче...

Тоа што ќе ја смени сликата во однос на динамиката и на вакцинирањето во Скопје и во другите градови е големата количина на вакцини од Кина што треба да стигне до крајот на месецов, како и дополнителните капацитети, односно спортските сали кои веќе се подготвуваат во шест градови во државата каде ќе се спроведува масовна имунизација, соопшти министерот за здравство Филипче.

Кинеската вакцини која според најавите очекуваме да стигне на 28 април, тоа се 200.000 дози и тоа е нешто што точно знаеме како ќе се подели, како ќе се дистрибуира и кој ќе биде начинот на регрутирање на граѓаните кои ќе се вакцинираат и како ќе се спроведува процесот на имунизација. Капацитетот е некаде околу 10.000 некалкулирајќи ги спортските сали кои сега ги подготвуваме во неколку градови и кои треба да се подготвени до крај на оваа недела. Тоа се спортски сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола каде на ист принцип како во салата Борис Трајковски, вработените или дел од вработените во здравствените домови и центрите за јавно здравје на повеќе пунктови од тоа што го дозволува моменталната конфигурација на здравствените домови ќе може да вакцинираат поголема бројка на граѓани – изјави вчера министерот Филипче.