Ковид-19

Од епидемиолошката состојба ќе зависи какви мерки ќе има за празниците

22.04.2021 09:57

Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува практично е парабола еднаква или скоро еднаква на она што беше епидемиолошка крива во месец ноември и декември лани- соопшти министерот за здравство...

Од епидемиолошката состојба ќе зависи какви мерки ќе има за празниците, изјави министерот за здравство  Венко Филипче и посочи, дека како и досега единствен критериум врз кој ќе се димензионираат и препорачуваат мерките ќе биде основниот принцип на заштита на здравјето на граѓаните.

Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува практично е парабола еднаква или скоро еднаква на она што беше епидемиолошка крива во месец ноември и декември лани. Тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, кои беа дополнително ангажирани да третираат ковид пациенти, не само во Скопје туку и низ болниците ширум државата, изјави Филипче.

Веќе на почеток на оваа недела најавивме дека ако продолжат овие трендови угостителските објекти ќе може да се вратат во функција, под посебни услови, да се скрати полицискиот час за 1 час, а во текот на следната недела повторно согласно бројките, согласно притисокот за прием на пацинети кон болниците да одлучуваме како и какви мерки ќе носиме понатаму , рече Филипче.

Министерот истакна дека на средбата со верскте лидери упатил апел, да апелираат до верниците да ги почитуваат мерките за време на посета на верските објекти.