Се отвораат националните паркови за лов на дивечот

Ловишта и во национални паркови

14.11.2013 11:57

Со предложените измени на законот ќе се воведуваат ловишта со посебна намена во национални паркови

 Организираниот лов во овие заштитени подрачја е забранет.

Ловиштата во националните паркови ќе се даваат на управување на правни лица во период од 10 години.

Со измените на законот ќе треба да се спроведуваат посебни мерки за стопанисување со дивечот.Целта е  да се привлечат повеќе посетители и развие ловниот туризам.

Освен за заболените  диви животни  сега  ловот во националните паркови не е дозволен. Експертите, се против забраната  сметајќи дека вака  страда целата популација и неможе да се зголемува и зачува бројот на  квалитетните единки.Се предлага корисници на ловиштето да бидат правните лица кои управуваат  со националните паркови.

Во Македонија има 270 ловишта и три национални паркови, Галичица,Маврово и Пелистер.