Образование

Стипендии од 3.500 денари за учениците во дуалните паралелки

22.04.2021 09:18

Околу 2.000 ученици ќе добијат стипендија во висина од 3.500 денари месечно, уште од прва година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Најави дека од есен ќе стартуваат 97 дуални паралелки.

Сите учениците коишто се во дуално образование, коишто ги исполнуваат условите и оние коишто се во тригодишно стручно образование, околу 2.000 ученици ќе добијат стипендија во висина од 3.500 денари месечно, уште од прва година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Најави дека од есен ќе стартуваат 97 дуални паралелки.

„Ако продолжиме со оваа тенденција на планирање и насочување на средното стручно образование, некои струки сами ќе се исфилтрираат. Нема да дозволиме некоја струка да згасне, бидејќи сите се потребни за општество. Но, треба да се модернизраат и да бидат пласирани до реалниот сектор како атрактивни, за да можеме да врземе дуални паралелки“, рече министерската Царовска.

Министерката ги повика сите деветтоодделенци, согласно нивните афинитети и можности да го изберат образованието, а при изборот е важно да ја следат тенденцијата на пазарот од една страна, а од друга страна и можностите за вработување и нивно афирмирање во нашата држава.