Евроинтеграции

Димитров на разговори за ЕУ во Латвискиот парламент

22.04.2021 11:21

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на латвиските пратеници земјава да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, балтичката турнеја ја започна утрово во Рига со средби во литванскиот парламент.

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на латвиските пратеници земјава да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.

„Латвиското искуство во евроинтегративниот процес внесе свежа енергија и надеж за консолидирање на европскиот континент. Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите, а парламентарната соработка е еден од конкретните показатели во таа насока, што придонесува за унапредување на демократијата“, изјави Димитров.

Од латвиска страна пратениците честитаа на НАТО членството и потенцираа дека секое понатамошно одложување на пристапните преговори со Северна Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.