МВР

24 прекршувања на забраната за движење, 548 санкции за неносење маска

22.04.2021 12:15

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 548 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.