Севастопол

Уапсен Русин за откривање државна тајна на Украина

22.04.2021 13:21

Протекувањето на овие податоци надвор од земјата може да ја оштети нејзината одбранбена способност, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност...

Во Севастопол е уапсен државјанин на Русија, кој наменски собирал и доставувал до Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина податоци за активностите на Црноморската флота, кои се државна тајна. Протекувањето на овие податоци надвор од земјата може да ја оштети нејзината одбранбена способност, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност.

Против ова лице е поведена кривична постапка.