Обвинителство

Тимот на Рускоска се засилува со нови обвинители

22.04.2021 14:40

Пет нови обвинители за гонење организиран криминал. По повеќе од седум месеци оглас, Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, кои што беа во СЈО, сега преминуваат во обвинителството кај Рускоска. Тимот се зајакнува и со Колариќ и со Поп Трајкова...

Тимот на Рускоска се засилува со петмина нови обвинители. Тројца од нив, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов се обвинители кои беа дел од поранешното СЈО. Во Одделението за гонење организиран криминал и корупција влегуваат и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обивнителство Струмица и Катерина Колариќ од Скопското јавно обвинителство.

Од Советот, зелено светло за во организиран криминал не добија деветмина кандидати меѓу кои и поранешните колеги на Стефанова, Ајро и Пеливанов, обвинителите, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе. Но, затоа со девет гласа „за“, Фатиме Фетаи беше избрана за виш јавен обвинител во ова скопско  обвинителство.

За виш јавен обвинител беше избран и Наум Пановски, кој доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Сашо Рајчев, актуелен шеф на Скопското јавно обвинителство, Бурим Рустеми, од поранешното СЈО, и Снежана Бундалевска Георгиевска. 

Претседателот на советот Колевски, претходно укажа на позитивните оценки на пријавените кандидати. 

 

Фиљана Кока