Бегство

Обвинет за криумчарење мигранти побегнал на излезот од кривичниот суд

22.04.2021 14:49

Полицијата во меѓувреме по потрагата во близина на судот го пронашла и го привела бегалецот кој се уште ги имал лисиците на рацете, информираат од министерството за правда...

Обвинет за криумчарење мигранти избегал при спроведувањето од затворската полиција на излезот од кривичен суд Скопје, информираат од оваа судска институција. 

Од судот демантираат дека бегството се случило во просториите, и наведуваат дека судската полиција ги испочитувала сите безбедносни мерки, влез, спровод до судница и излезот од судската зграда. Затоа, според кривичен надлежна за натамошно информирање на јавноста е казнено поправната установа и МВР. 

Полицијата во меѓувреме по потрагата во близина на судот го пронашла и го привела бегалецот кој се уште ги имал лисиците на рацете, информираат од министерството за правда. 

Ќе се испитуваат околностите за бегството и можната одговорност, велат во ова министерство.