Намален бројот на заразени во Прилеп
Се намалува бројот на заразени во Прилеп, а за првпат по долго време во болчницата се лекуваат под 100 пациенти. Предизвик се празниците. Има заразени кај вакцинираните, но со лесна клиничка слика. Во здравствениот дом се преполовени тестирањата, но се ситнат брзите тестови...

Епидемиолошката слика во Прилеп се подобрува, но е далеку од стабилна, оценуваат од Центарот за јавно здравје. Неделната бројка од 290 заразени на 100 000 жители значи намалување, но за стабилност треба да биде под 120. Доминантниот британски сој како многу заразен ги доведува во опасност и помладите од 30 до 40 години. Но во сето лошо, добро е што доминатноста ги спречува другите мутации. Епидемиолошки предизвик се празниците.
Николоска потврдува дека има случаи на заразени, а вакцинирани, но со лесна клиничка слика. Опуштањето е пресудно.
Во центарот има доволно ПЦР тестови, но брзите во Здравствениот дом полека се ситнат. Иако дневните тестирања се преполовени на 25 со намален процент на позитивни, резервите се за две недели. Дури со 800 теста му помогнале на инфективното за време на пикот. Не очекуваат проблеми.
За првпат по долго време бројот на хоспитализирани во болницата е под сто. Или поточно, на лекување се 99 пациенти.
Елизабета Митреска
