Фармери

Национална федерација на фармери, годишно собрание

22.04.2021 15:33

Се апелира откупувачите навреме да ги склучуваат договорите со производителите, како и количините што планираат да ги откупат, а од државата се бара навремена исплата на субвенциите...

Пласманот и ниските откупни цени остануваат проблем број еден за земјоделците, како и проблемите што ги предизвикуваат климатските промени што го отежнуваат производството на храна, порачаа учесниците на годишното собрание на националната федерација на фармери.

Се апелира откупувачите навреме да ги склучуваат договорите со производителите, како и количините што планираат да ги откупат, а од државата се бара навремена исплата на субвенциите.