Русија

Уапсени над 1700 поддржувачи на Навални

22.04.2021 16:07

Влошена здравствена состојба поради тринеделен штрајк со глад...

Руската полиција уапси околу 1.700 приврзаници на осудениот опозициски лидер Алексеј Навални. Собирите на Денот на годишното обраќање на претседателот Владимир Путин беа организирани по објавата за влошување на неговата здравствена состојба поради штрајкот со глад кој трае повеќе од три недели.

Путин ги обвини странските влади за мешање во внатрешните работи. Западните влади го критикуваа третманот на уапсениот опозиционер и побараа негово ослободување.