СЕВЕРНА КАРОЛИНА
Ден по пресудата на Шовин, полицајци убија уште еден Афроамериканец
22.04.2021 16:44
Протести во Северна Каролина...

Ден по осудителната пресуда за екс-полицаецот Дерик Шовин, офицерите убија уште еден Афроамериканец.
Инцидентот се случил во Елизабет сити во американската сојузна држава Северна Каролина при вршење на претрес. 40-годишниот Ендрју Браун се обидел да замине со автомобил по што офицерите отвориле оган.
Проблемот со полициската бруталност и расизмот беше реактуелизиран по убиството на Џорџ Флојд од офицерот Шовин кој е прогласен за виновен по сите точки.
