Ковид-19
Протести во Берлин поради рестрикциите за пандемијата
22.04.2021 16:48
Долниот дом на парламентот го усвои законот кој ќе биде разгледан утре од страна на Горниот дом. Доколку добие зелено светло, тој ќе важи до крајот на јуни...

Илјадници демонстранти во Берлин изразија незадоволство по изгласаниот предлог на германската канцеларка Ангела Меркел за зголемување на рестрикциите во областите каде што се шири брзо новиот коронавирус.
Долниот дом на парламентот го усвои законот кој ќе биде разгледан утре од страна на Горниот дом. Доколку добие зелено светло, тој ќе важи до крајот на јуни
. Меѓу другото, предвидено е ограничување на движењето од 22 до 5 часот наутро и на личните контакти.
