Заев: Шеќеринска не поднесе оставка од СДСМ
Лидерот на социјал демократите Зоран Заев изјави дека Шекеринска не поднека оставка од партијата туку дека нема да се кандидира повторно за заменик претседател на СДСМ, оставајќи простор за нови кадри...

Радмила Шеќеринска не поднесе оставка од партијата туку соопшти дека нема да се кандидира повторно за заменик претседател на СДСМ, оставајќи простор на нови кадри, изјави лидерот на социјал демократите Зоран Заев негирајќи дека меѓу него и неговиот министер за одбрана има несогласувања.
Шеќеринска, посочува Заев е заслужна за членството во НАТО, кандидатскиот статус на земјава за влез во ЕУ, работиме секој ден на мал милион предизвици и има уште многу што ќе сработиме заедно. Тој, но и претходно Шеќеринска негираа дека со неа е разговарано за амбасадорската функција во Вашингтон.
Заев негира и дека оставката од партиските фунции на Шеќеринска е резултат на притворот за поранешниот генерален секретар на владата Рашковски. Двата случаи не се поврзани никако рече Заев при тоа коментирајќи го притворот за Рашковски дека законот важи за сите и нема недопирливи.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на лидерот на социјалдемократите: Времето минува, но народот нема да заборави. Се додека Заев е на чело на партијата, СДСМ ќе биде заштитник на криминалот. За какво освежување зборува кога тој е до гуша во криминал? а, Шеќеринска пред да го напушти бродот што тоне нека каже што бараше со Катица Јанева и Боки 13-ка кога последниов рекетираше низ Македонија.
Миле Ристески
